Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ. СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер, се вели во партиското соопштение на оваа партија.