Стоиљковиќ: Ме нервира песимизмот, малодушноста и лицемерието

Иван Стоиљковиќ, пратеник во македонското Собрание, одговара на 10 прашања надвор од политиката:

1.Три најсреќни моменти во животот?

 – Раѓањето на ќерка ми, кога сфатив дека ќерка ми стана свој човек, будењето по тешката операција и… Всушност, мене судбината постојано ме наградува со среќни моменти.

  1. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

-Ах, се обидувам да не се каам, но дали ги има тие што не погрешиле и ги преиспитувале своите одлуки. Верувам дека нема, па така е и со мене. Она што е важно да се каже дека со зрелоста, пред нешто да направам многу размислувам, трипати премерувам и дури потоа сечам.

  1. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордете?

-Венцоносецот Влада Урошевиќ, Отец Методиј од Валаамскиот Манастир, Тоше Проески.

  1. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

-Ме радува оптимизмот кај луѓето, храброста и чекорењето напред, ме нервираат… ах во денешно, нервозно време песимизмот, малодушноста и лицемерието.

  1. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

-Што може да го мачи оптимистот и добриот ученик? Учителката после многу години ми кажа дека сум бил многу самоуверен, немирен и жив. Од оваа дистанца сфаќам дека некогашното образование ми станало одлична основа за се што подоцна ми се случувало во животот.

  1. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

-Не ми е јасно дали во онаа во кое јас мислам дека ме бива или во онаа што другите мислат. На пример, знам многу песни, но сите мои блиски велат подобро да не отворам уста, велат сум имал добра лева рака во кошарка, а сега се трудам и во земјоделие да ме бива, мада оди тешко, а не ме бива за зимски спортови, што потврдено во пракса, претпоставувам дека не ме бива и за многу други работи. Се занимавам професионално со политика, се трудам да се унапредувам и се надевам дека луѓето мислат дека за политика ме бива.

  1. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

-Кајмакчалан; храмот на Архистратиг Михаил во манастирот Лесново; селото Зовиќ во Мариовско…

  1. Три најдобри книги, филмови и песни?

-КНИГИ: ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА – Достоевски; ДЕРВИШ И СМРТ – Меша Селимовиќ; НЕБОТО НЕ ЗНАЕ ЗА МИЛЕНИЦИ – Ремарк… ФИЛМОВИ: АНДЕРГРАУНД – Емир Кустурица; КУМ – Френсис Форд Копола; АМАРКОРД – Фредерико Фелини; ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО – Никита Михалков; МАНЏУРИСКИОТ КАНДИДАТ – Џонатан Дем… редоследот на филмовите е случаен. ПЕСНИ: ЛУЊА – Георгиј Свиридов; МАДРУГАДА – Луз Казал; БЕШЕ ЕДНАШ НА ДИВИОТ ЗАПАД – Дајр Стреитс; СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ – Витни Хјустон и нормално се од Бијело Дугме… има уште многу, редоследот е случаен.

  1. Три омилени јадења?

-Сарма со суво месо; пита под сач; штотуку испечено домашно лепче.

  1. Три совети кои ги давате на другите?

-По правило, никогаш не давам совет, ако претходно не се бара. Но она што зрачи од мене и моето однесување, а може да се прочита како совет без да се кажува, иако знам дека скапо чини, но секогаш вреди во животот да се оди со чист образ, исправен поглед и крената глава.

 

Претходна вестУапсени двајца дилери во Охрид, кај едниот полицијата пронашла дрога кај другиот пари
Следна вестДоларот падна на најниско ниво во последните четири месеци