Уапсени двајца дилери во Охрид, кај едниот полицијата пронашла дрога кај другиот пари

Полицијата уапсила двајца охриѓани, бидејќи кај нив била пронајдена дрога. Лицата се задржани во полициска станица.

– На 14.12.2023 во 20.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 40 и 33 годишно лице, двајцата од Охрид.

Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај 40 годишното лице биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај другото лице била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја, инофрмираат од МВР.

Лицата, додаваат, биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСудот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?
Следна вестСтоиљковиќ: Ме нервира песимизмот, малодушноста и лицемерието