Граѓаните на Македонија последнава година со страв влегуваат во маркетите. Кој ли производ има нова повисока цена – се прашуваат.
Но, од партијата на премиерот Ковачевски смируваат: „Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6 отсто“.
Од партијата преку соопштение дополнително објаснуваат:
-Инфлацијата е намалена за околу пет пати во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%. СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза.
Истовремено, со постигнување на ниска и стабилна инфлација, економските мерки поттикнаа раст на платите. Просечната плата се искачи на највисока вредност досега од речиси 39.000 денари. Со СДСМ ќе продолжат да растат платите и пензиите, како и куповната моќ на граѓаните, наведуваат од партијата.
Дали по ова соопштение граѓаните многу посмирено ќе одат во маркетите останува да се види.