Казнети 109 возачи во Скопје, 20 од нив за брзо возење

Вчера на територијата на град Скопје казнети се вкупно 109 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции. Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, девет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот

Претходна вестСветска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, Косово ќе има 3,9 отсто
Следна вестСДСМ ги смирува граѓаните: Инфлацијата ја намаливме за пет пати