Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, Косово ќе има 3,9 отсто

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0 отсто во 2025), Албанија 3,2 (3,2 проценти во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1 отсто во 2025), Србија 3,0 (3,8 проценти во 2025), БиХ 2,8 (3,4 отсто во 2025), Хрватска 2,7 (3,0 отсто во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3 отсто во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната.

Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година.

Претходна вестМакедонските ракометари против Франција на отворањето на ЕП 2024, Лазаров порачува:„Ова е историја, не смееме да потфрлиме“
Следна вестКазнети 109 возачи во Скопје, 20 од нив за брзо возење