СДСМ ги смирува граѓаните: Инфлацијата ја намаливме за пет пати

Граѓаните на Македонија последнава година со страв влегуваат во маркетите. Кој ли производ има нова повисока цена – се прашуваат.

Но, од партијата на премиерот Ковачевски смируваат: „Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6 отсто“.

Од партијата преку соопштение дополнително објаснуваат:

-Инфлацијата е намалена за околу пет пати во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%. СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза.

Истовремено, со постигнување на ниска и стабилна инфлација, економските мерки поттикнаа раст на платите. Просечната плата се искачи на највисока вредност досега од речиси 39.000 денари. Со СДСМ ќе продолжат да растат платите и пензиите, како и куповната моќ на граѓаните, наведуваат од партијата.

Дали по ова соопштение граѓаните многу посмирено ќе одат во маркетите останува да се види.

Претходна вестКазнети 109 возачи во Скопје, 20 од нив за брзо возење
Следна вестЕквадор им објави војна на нарко-бандите