Албанска државјанка дала на увид пасош со скинати страници. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ таа била уапсена.
– Вчера во 08:55 часот на Граничниот премин Блато, при извршена гранична контрола на Х.А.(31) од Република Албанија било констатирано дека во патната исправа, која ја дала на увид, недостасувале неколку страници, информираат од МВР.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ таа била предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.