СВР Тетово, поднесе кривична пријава против А.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.
-На 28.11.2023 пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка. Потоа, видео снимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката, се наведува во соопштението.