Во текот на денешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Во соопштението се наведува дека не се точни вчерашните информации објавени на ФБ-страницата на оваа градско претпријатие дека во најголем дел од градот ќе има намален притисок на вода.
-За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје. Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење, велат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
На нивната ФБ – страница вчера беше објавено дека денеска од 17:00 часот, поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром