Се чека еден час за вакцинација против голема кашлица, гужви во поликлиниката „Јане Сандански“

Огромни гужви во поликлиниката Јане Сандански. Се чека најмалку еден час за вакцина против голема кашлица, а редови има до влезот на поликлиниката. Пунктовите каде што може да се изврши вакцинација, по препорака на Комисијата за заразни болести, работат и втора смена преку работната недела, а децата можат да се вакцинираат и во сабота до 14 часот, пишува МакФакс.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје од 8-ми февруари, во државата се регистрирани вкупно 22 случаи на голема кашлица.

По однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73%) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години. Првиот пријавен случај е на 05.01.2024.

Претходна вестПад на тенисерите од по четири места, напредок на Ѓорческа и Стоилковска на новите АТП и ВТA ранг листи
Следна вест,,Левица”: За СДСМ И ДПМНЕ да одработат за ,,Северна” граѓаните останаа без слободно движење