Мобилен тим спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“ откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничниот премин Табановце, велат од Царинската управа.
– Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извади својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичената ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е забележан од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат за детаљна контрола. Во неговиот личен багаж, во ракавите на блузи, ногавиците на фармерки и во чорапите се откриени вкупно триста педесет и девет ленти по десет апчиња ‘дорета’, кои содржат 75 мг трамадол хидрохлорид, додаваат од Царинската управа.
Како што додавааат, случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија – Данска.
– Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава, завршуваат од Царинската управа.