Одличниот хрватски фудбалер, Лука Модриќ, веќе извесен период не е задоволен од статусот во тимот на Реал Мадрид иако со години беше еден од најважните играчи. Се почесто се зборува дека нема да го продолжи договорот и веројатно кариерата ќе ја продолжи на некое друго место. Но…
Шпански медиуми тврдат дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти, му понудил на Модриќ место во неговиот стручен штаб. Се пренесува дека тренерот го ценел знаењето и лидерските способности на Модриќ, поради што сметал дека би било добро доколку тој остане во стручниот штаб на крајот на сезоната во случај да реши да се пензионира.
Не е познато што на ова ќе одговори Модриќ. Хрватот пристигна во Реал летото 2012 година и оттогаш упорно повторува дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид.