Операта раскажува приказна за победата на младоста и за љубовта. „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко може да се спореди кое било друго оперско дело. Популарната комична опера во 2 чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини ќе биде изведена на 2 март со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
Операта раскажува приказна за победата на младоста и за љубовта. „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко може да се спореди кое било друго оперско дело.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, а во улогата на Розина, Биљана Јосифов. Гроф Алмавива ќе биде гостинот од Италија Роберто Јачини Вергилиј, Дон Базилио е Владимир Саздовски, Дон Бартоло – Невен Силјановски, Берта е Соња Пендовска Мадевска, Фиорело е Драган Ампов, Амброзио – Марко Димовски. Камениот човек ќе го игра Борко Биџовски, чембало – Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.