Кога е пред странски политичари нашата власт претежно клечи и прифаќа се што ќе им наредат. Кога е пред својот народ и опозицијата глуми цврстина и непоколебливост. Со тоа го срозаа достоинството на Македонија и не направија поранливи, вели Влатко Дамјановски
Што ги одбележа минатите 4 години во кои владееа ДУИ и СДСМ? Малку работа и многу корупција. Друго? Па цело време се верглаше дека мора ова да се направи оти бара Брисел, ова мора да се смени оти бара Софија, да смениме ова…
Да, незадоволството е големо кај народот пред се од серијата на големи скандали, афери, неисполнети ветувања…, но текот на 7 години кога актуелната коалиција ја држи власта на Македонија се чини дека незадолството до максимум го доведе попуштањата на странци, понижувањата, отстапувањата, компромисите на штета на Македонија, прифаќање на туѓи ултиматуми…
Притисоци и попуштања има уште од 1991 година, откако Македонија стана независна држава – беше приморана да почне да користи референца ПЈРМ, да го смени државното знаме, да се откаже од малцинствата во соседните земји преку уставни промени, да го смени општествениот систем преку Охридскиот договор… ама, сега, по толку години наместо државната „кичма“ да се исправа таа е уште поподвитката. Сегашнава коалиција смени име на државата, и се наврте на историјата, па на Уставот…
-Власта немаше достоинство кога беа во прашање надворешните работи за државата, ниту пак го чуваа и го бранеа достоинството на државата, ни вели Сузана Крстевска.
Заев советуваше „виткање кичма“
Последниве 7 години се прифаќаа контроверзни договори кои донесоа тешки последици по земјава и македонскиот народ. Се потпишаа договори со Грција, со Бугарија, се прифати француски предлог… Властите за се велат дека е супер осмислено и дека се решаваат децениските прашања, ама во реалноста, се добиваа готови решенија напишани надвор од нашата земја, а не ги решија горливите прашања, туку напротив… .
Зошто власта не покажа поголема цврстина и борбеност во одбрана на македонските нацинални интереси?
Да се потсетиме пред 7 години тогашниот опозицинер и потоа премиер, Зоран Заев, ја најави потребата да ја „свиткаме на кичмата“. Оттогаш до сега, само се редеа „кичмините гимнастики“. Тоа ги охрабри странците и дојдовме до таму да има ултиматуми дека македонскиот идентитет има корени во друга земја, дека македонскиот јазик е дијалект на туѓ јазик…
Од странство во јуни 2022 година прво ни се понуди катастрофален француски предлог кој власта го одби:
-Предлогот е неприфатлив за мене. Бараме почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ, побара тогаш тогашниот премиер Димитар Ковачевски.
По само десетина дена следеше некаква корекција на предлогот по која шефот на државата Стево Пендаровски и владини функционери соопштуваат дека предлогот „не е идеален, но е прифатлив бидејќи го гарантирал македонскиот идентитет“. Но, независните експертии предупредуваа дека тоа е ново попуштање, сека е стапица…
До каде е достоинството на нашите функционери покажува и фактот дека во тој период проретчија личните доаѓања и чествувања на гробот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Тое седеа во канцеларии и леститаа празници преку Фејсбук сам за да не иритираат странци.
-Тие како да немаа стратегија, излегоа како да се само послушници кои извршуваат наредби кои им носат личен интерес. Нашите интереси не ги бранеа доволно па не згазија, не избришаа. Посервилни немало, државата како да не ги интересира, смета пензионерка Цонка Велкова.
А во меѓувреме се редеа изјавите на странските претставници, на челниците на ЕУ дека тие „многу сакаат Македонија да ја видат во европското семејство“, за да потоа друг евробирократ ни каже дека „не може да ни вети датумот за почеток на преговорите, но може да вети волја…“. Едноставно, видоа дека може така да се однесуваат кон македонските функционери.
Нужна е национална свест
Сега се бара изгласување на уставните промени и се соопштува дека не се можни промените во „францускиот предлог“, а што ги бара македонска опозиција. Тоа ќе значи дека и новата власт ќе биде соочена со истите обврски, услови, притисоци, уценувања… Граѓаните порачуваат дека не треба пак да се „витка кичмата“.
– За странците да знаат дека имаш достоинство, треба да имаш национална свест, да знаеш кој си и што си. Тогаш и тие ќе те почитуваат. Се додека има политичари со свиткана кичма ќе има и стимулирање на понизни лигуши. За мене тие политичари се тоа. Само знаат да се клањат кај меѓународните претставници, а немаат национална свест, вели Баже Ѓоргиевски.
Очигледно, граѓаните бараат од функционерите да помислат на достоинството на државата и народот, односно, некогаш да се покаже и отпор ако странските барања значат загрозување на македонскиот национален идентитет.
-Тие што се на власт немаа успешна стратегија. Никогаш не дадоа отпор на меѓународната заедница туку правеа се што ќе им кажат, вели Сузана Крстевска.
Покрај слабата кичма на финкционерите, граѓаните се незадоволни и од историчарите во наметнато формираните меѓудржавни историски комисии. Дали сето ова ќе се промени?
-Кога е пред странски политичари нашата власт претежно клечи и прифаќа се што ќе им наредат. Кога е пред својот народ и опозицијата глуми цврстина и непоколебливост. Со тоа го срозаа достоинството на Македонија и не направија поранливи, вели Влатко Дамјановски.
Инаку, изборите може да бидат добар лекар за искривени рбети. На сцена тогаш може да стапат и поцврсти играчи.
Дипломатите стимулираат понизност
Проблемот освен со слабите рбети на нашите функциоинери е и во тоа што и странските претставници веќе како да се навикнати дека се што посакаат – ќе го добијат. Затоа и притискаат само на нашата страна. Од порано се чини, кумувало и стимулирање на понизност на нашите политичари. Какви се „механизми“ и начини биле користени знаат самите, но таквиот однос почна да создава незадоволство меѓу македонските граѓани кои бараат странските дипломати да прикочат и да се однесуваат достоинствено кон нас.
-Странците работат во интерес на нивните држави, а овде ги користат нашиве подлизурковци за остварување на нивните цели. Мислам дека и народот не смее повеќе да спие и да се плаши, мора да се освести, кај него е силата, смета Велкова.