Тројца малолетници ќе се соочат со кривични пријави за насилство.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од Тетово поради постоње основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавените, на 11.02.2024 во трговски центар во Скопје, поради претходно недоразбирање, физички нападнале друг малолетник и му нанеле повреди, соопштија од МВР.