До изборите има уште многу време, ама партиите и нивните лидери се растрчани низ Македонија. Даваат ветувања.
Време не губи и лидерот на СДСМ. Отвора нови штабови и кажува што ќе добие Македонија кога тој пак же бил премиер.
-Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип.
Тој кажа дека е направена долгорочна системска промена и за покачување на пензиите. „ Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе“, додаде Ковачевски.
СДСМ, како што кажа, и понатаму ќе се бори за Македонија да биде успешна држава.