Државниот пазарен инспекторат во континуитет правеше контрола и надзори по одлуките и во текот на вчерашниот ден, рече директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Како институција, тој објасни дека нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена, која е исклучиво слободна волја на трговците.
Тој апелира до трговците на мало и големо да направат акции, односно да ги задржат цените на основните прехранбени производи на ниво на стандардот на граѓаните.
– Ќе контролираме во маркетите по завршувањето на одлуките, дали се придржуваат до одредбите на Законот за трговијата, Законот за заштита на потрошувачите, дали соодветно се води трговска евиденција, дали се тие доведени до заблуда, една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите и слично. Владата донесе мерки за да го спречиме растот на цени. ДПИ вршеше проверки и се почитуваа одлуките. Затворивме големи синџири маркети, немаше никаков компромис. Она што ДПИ го направи вчера е обемни контроли и по одлуките на Владата, што значи има прекршувања, но ќе чекам да завршат контролите до крај. Доколку се прекршени, ние можеме да затвораме, од три до 30 дена. Не сакаме да казнуваме, сакаме да видиме одговорност. Некои од маркетите ги немаат зголемено цените, други ги имаат. Се очекува да се покачат цените, повикувам на општествена одговорснот цените да ги остават на исто ниво. Ние како институција не може да спречат цената на лебот од 29 денари да порасне на 35 денари, заклучи Трајковски