Пазарниот инспекторат издаде две решенија за затворање на маркети, информира директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски.
– Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.
Порача дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите и најави дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.