Утрово целосно е урнат дивоизградениот хангар кој беше подигнат на државно земјиште на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров. Уривањето го изврши фирма избрана на тендер од страна на Општина Ѓорче Петров во присуство и на полициско обезбедување. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал.
Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски соопшти дека законто мора да важи за сите и дека урбаната мафија мора да се сопре.
-Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола. Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите, објави тој на својот профил на Фејсбук.