По страшниот тетористички напад на концертната сала во предградието на Москва, не стивнуваат реакциите во целиот свет. Има и разногласие кој е организатор на грозоморниот чин при кој ладнокрво од близина беа убивани и деца.
Се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во авторска статија за Комсомолскаја правда: „САД се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска држава (ИСИЛ), забранета во Русија, и да се покријат себеси и режимот Зеленски што го создаде“, напиша таа.
-Американските политички инженери се вратија во ќош со своите приказни дека нападот врз Crocus City Hall го извршила терористичката група ИСИЛ. Оттука, Вашингтон се секојдневни обиди да се покрие себеси и режимот Зеленски со тероризирање со ИСИЛ, посочи таа, пренесува Макфакс.
Според Захарова, постојат низа фактори кои директно и индиректно укажуваат на вмешаност на американските власти во спонзорирањето на украинскиот тероризам.
-Милијарди долари и невидено количество оружје, инвестирано без одговорност и со употреба на корупциски шеми во режимот во Киев, агресивна реторика во однос на Русија, бесен национализам, забрана за мировни преговори за Украина, бескрајни повици за решавање на конфликтот со сила, одбивањето да се осудат повеќегодишните терористички напади, кои ги изврши режимот во Киев, и масовна информативна и политичка поддршка за секоја, дури и најгрозоморното делување на Зеленски, потенцира Захарова.
-Внимание, прашање за Белата куќа: дали сте сигурни дека тоа беше ИСИЛ, нема ли да се предомислите подоцна, заклучи таа.