Две од трите уапсени лица кои се сомничат дека го извршиле нападот врз матичниот лекар Ацо Трпковски, добија куќен притвор, соопштија од Јавното обвинителство.
– Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара.
ЈО соопшти и дека предлогот е прифатен и дека бараната мерка е определена.
Доктор Ацо Трпковски беше пронајден со убодни рани во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката „Железара“, доцна во ноќта, од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се вра
За овој случај вкупно се приведени три лица. Истражните органи сега ги чекаат вештачењата на материјалните докази. Мотивите за убиството се уште не се докрај јасни, но завчера техничкиот министер за внатреши Панче Тошковски рече дека според првичните информации, мотивот не е поврзан со неговата професија.
Истражителите досега прегледале повеќе од 50 видео записи од безбедносни камери, а презеле 20 истражни дејствија.