Вооружена престелка во Арачиново. Попладнево, пукано е со автоматско оружје кон автомобилот на градоначалникот на општината. Според првичните информации во престрелката погоден e возачот и обезбедувач на градоначалникот и со прострелни рани е однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР се уште нема официјална информација за настанот.
Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и вршење увид. Се очекува и официјална информација од МВР за инцидентот.