Полиција во Србија уапси две лица кои ја убиле малата Данка Илиќ која исшезна и по која трагаше цел Балкан. Имено, С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2), а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.
Осомничените управивале службено возило на ЈКП Водовод во моментот кога како што се наведува во српските медиуми удрило во двегодишно девојче. Во автомобилот кој тие го возеле биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.
-Според планот за работа на компанијата се знаеше кој го возел автомобилот во критичното време, со проверка на базните станици, се потврди. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството, вели изворот на „Блиц“.
-Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, по детални проверки на сите траги и информации, ги уапсија С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.
Двајцата осомничени во целост го признале делото, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото. Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со својот автомобил ја прегазиле малата Данка.