Три лица вчера пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња, соопшти полицијата.
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
-Вчера попладне во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник. Во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата „Јустинијан Први“ во Драчево бил каснат од куче скитник, наведе полицијата.