Со шест натвоварени камиони тешки вкупно 208 тони денеска се тестираше издржливоста на мостот „Беласица“ кој беше опожарен во мај минатата година.
На оваа многу значајна сообраќајна артерија денеска се вршеа мереа под максимално оптоварување за да се утврди дали може да се даде целосно зелено светло за повторното пуштање на сообраќајот на сите 4 ленти. Мерните екипи ги следеа сите параметри додека на мостот беа паркирани 6 натоварени камиони кои вкупно тежеа 208 тони, нешто што во пракса и не се очекува дека може да се случи.
-Отако е пуштен мостот во употреба па во следните дваесетина години толку голем товар на мостот не е направен. Никогаш вака камиони не биле поставени на централниот распон на мостот и тоа е најголем тест, изјави Михаил Гаревски кој го подготвува извешптајот за стабилноста на објектот.
Досегашните мерења се оптимистички и во финалниот извештај кој ќе се испрати до градот Скопје кој треба да ја има конечната одлука. Во неа најверојатно ќе стои дека мостот е целосно безбеден и нема никакви пречки да биде пуштен во функција
Мостот кој беше оштетен во пожар во мај минатата година уште не е целосно пуштен во сообраќај. Во септември беше овозможено минување на по една една лента за лесни возила, откако Институтот за сеизмологија по извршената експертиза излезе со став дека ќе биде потребна полесна санација. Дел од експертите пак, сметаат дека е потребно посложено испитување на стабилноста.