Претседателските избори во Македонија течат без посериозни проблеми. Излезноста на гласање до 13:00 часот, според обработените податоци на ДИК кои се објавени на нивната интернет страница, изнесува околу 24,82% од гласачите.
Најголем одѕив на изборите до 13:00 часот има во Новаци (42,87%). Над 40 проценти излезност има и во Крива Паланка.
Најмала излезност има во Врапчиште (10,35%).
Инаку, во Скопје најголем одѕив има во општина Карпош (34,77%). Со слична излезност се и Центар (33,40%), Аеродром (33,21%), Кисела Вода (32,85%) и Ѓорче Петров со (32,42%).