Поранешниот голман на Вардар, легендарниот Арпад Штербик имал срцев удар, информираше Веспрем преку соопштение.
Веспрем потврди дека утринава Штербик не се чувствувал добро, отишол во болница каде што му соопштиле дека имал срцев удар. Во моментов е во добра состојба.
-Нашиот тренер на голманите, Штербик Арпад нема да патува со нашиот тим во вторник. Арпи утринава се почувствувал лошо и отишол во болница каде што му е дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата медицинска интервенција, тој се чувствува подобро и можеби утре ќе ја напушти интензивната нега. Му посакуваме брзо опоравување, стои во соопштението на Веспрем.
Арпад Штербик од 2014 до 2018 беше голман на Вардар со кој ја освои и Лигата на шампионите.