Јевтоски се враќа во мак-фудбалот, потпиша за шампионот Струга ТЛ

Актуелниот македонски шампион Струга Трим Љум официјализираше уште едно засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од Унгарија, а неговото име е Стефан Јевтоски.

Јевтоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој изминативе три години ги мина во Ујпешт, додека претходно беше дел од клубови и во Бугарија, Украина и Хрватска, а во нашата земја ги бранеше боите на Металург и Работнички.

Со стружани потпиша двегодишен договор, клуб кој претходно ги обезбеди потписите на голманот Филип Дујмовиќ и Јапонецот, Масаки Такахара.

Претходна вестБез струја дел од општина Карпош
Следна вестЗа 9,5 милиони евра Лидл го купи објектот од Скопски пазар