Од понеделник здравствените установи ќе немаат економски директори. Ова денеска го најави Арбен Таравари, предложен за нов министер за здравство од редовите на Вреди. Тој кажа дека најголем дел од економските директори се вршители на должност и тие ќе ги тргне уште на неговиот прв работен ден како министер, а за останатите ќе поднесе закон до собранието.
-Понеделник ако ја преземам функцијата 90% од економските директори кои се в.д. ќе бидат веднаш разрешени, освен тие што имаат решенија. Ќе имаме веднаш предлог за закон до парламентот за да се смени законот и да не постојат веќе економски директори, рече Арбен Таравари, од коалиција Вреди.
Новата влада е гарант за европскиот пат, рече Таравари и изрази надеж дека уставните измени ќе се случат наскоро.
-Се надевам дека што побргу ќе се случат уставните измени, меѓутоа да бидеме искрени за да се случат уставните промени секогаш треба да има добра волја и македонскиот партнер во Владата. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само што треба уште една дефинитивна синхронизација помеѓу Скопје и Софија за која се надевам дека ќе се случи набргу, додаде Арбен Таравари.