Полицијата казни 223 возачи во рамките на вчерашната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената.
-Од нив 20 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.