Темен режим Режим на светлина

Лоши вести за Македонија: Елмас не го доигра мечот со Сасуоло поради повреда

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не успеа да го заврши денешниот натпревар против Сасуоло во Серија А. Елмас беше принуден да го напушти теренот во првите десетина минути од второто полувреме поради повреда.

Според првичните информации од Италија, постои сомнеж за мускулна повреда, но засега не може со сигурност да се утврди нејзината сериозност.

Попрецизна дијагноза се очекува по дополнителните лекарски прегледи, кои ќе покажат колку време Елмас ќе биде надвор од терените.

Натпреварот заврши со минимална победа на Наполи од 1:0 над Сасуоло.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Гренланд како услов: Трамп удира со царини врз осум европски земји

Следна објава

(Видео) Србија сензационално ја победи Германија, селекторот Раул Гонзалес држеше тајм-аут на македонски јазик