Темно Режим Светло Режим

Општина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади Општина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација.

Според објавата, повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско учество и младински политики. Локалното собрание на млади ќе биде составено од по еден делегат и еден заменик-делегат предложен од младински организации, ученички и студентски здруженија, политички подмладоци и други форми на младинска активност.

Целта на Собранието е да овозможи активен придонес на младите во подготовка на документи, учество во активности, како и избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.

За учество, заинтересираните организации треба да достават пакет документи, вклучувајќи образец за номинација, мотивационо писмо, CV на кандидатите и годишен извештај за работата на организацијата.

Рокот за пријавување е до 19 февруари 2026 година, а членовите на Локалното собрание на млади ќе бидат избрани со тајно гласање

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Тоневски: Пробиштип доби ново модерно кошаркарско игралиште во Злетово

Тоневски: Пробиштип доби ново модерно кошаркарско игралиште во Злетово

Следниот Пост
Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир