Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места, особено во западните и северните делови, ќе врне снег.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а наместа во западните делови повремено ќе биде засилен западен ветер.
Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од утре следува заладување со нови, пообилни врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините, а нова покривка се очекува да се формира и во некои повисоки населени места. Потоа, во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно, додека во петок повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.