Темно Режим Светло Режим

Проданоски: Прилеп под маски: „прочкa 2026“ со европски гости, јубилеи и над 500 учесници

Проданоски: Прилеп под маски: „прочкa 2026“ со европски гости, јубилеи и над 500 учесници Проданоски: Прилеп под маски: „прочкa 2026“ со европски гости, јубилеи и над 500 учесници

Градот Прилеп повторно ќе стане центар на европските карневалски случувања од 20 до 23 февруари, кога ќе се одржи јубилејното издание на „Прочка 2026“. Годинава се одбележуваат два значајни јубилеи – 25 години организиран прилепски карневал и 100 години од традиционалната маска „Прилепски мечкари“, која од 2019 година е прогласена за нематеријално културно наследство.

Карневалот повторно добива меѓународен карактер, со присуство на претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Ларс Алгел, како и гости и учесници од повеќе европски земји. Според најавите, ќе учествуваат над 500 маскирани учесници, а за првпат ќе настапи и обновениот дувачки оркестар „Прилеп“, кој ќе ја врати препознатливата карневалска атмосфера.

Програмата започнува на 20 февруари со изложба на рачно изработени маски во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“. На 21 февруари ќе се одржи детското карневалско дефиле, додека централната меѓународна карневалска поворка е закажана за 22 февруари, кога најкреативните маски ќе бидат наградени од стручна комисија.

Карневалските денови ќе понудат богата програма со жонглери, кловнови, акробати и музика под маски, а манифестацијата традиционално ќе заврши на 23 февруари – Чист понеделник, со заеднички ручек во манастирот „Св. Ѓоргија“ во Присад, како симболичен почеток на велигденскиот пост.
Обичајот „Прочка“ претставува значаен дел од етно-културниот идентитет на Македонија и уникатна традиција на Балканот и во Европа.

Многувековното празнување во 2001 година прерасна во организирана културна манифестација, а во 2006 година карневалот официјално стана дел од европското карневалско семејство.

Со јубилејното издание, Прилеп уште еднаш се позиционира како град на традицијата, културата и народната радост, отворајќи ги вратите за посетители од земјата и странство да бидат дел од карневалската магија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

„Независни за Карпош" бараат формирање кризен штаб за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на општината

Следниот Пост
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Голф преминал на спротивна лента и се судрил со БМВ, загина 25-годишник