Темен режим Режим на светлина

Отворен шаховски турнир за ученици од основните училишта во „Димитар Миладинов“

Отворен шаховски турнир за ученици од основните училишта во „Димитар Миладинов“ Отворен шаховски турнир за ученици од основните училишта во „Димитар Миладинов“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на
социјалните мрежи сподели дека денеска во училиштето „Димитар
Миладинов“, го имал задоволството да го отвори дводневниот шаховски
турнир наменет за учениците од прво до деветто одделение.


Тој напиша и дека шахот не е само игра, туку дека тој развива логика,
стратегија и дисциплина, квалитети за кои вели дека се од големо значење
за развојот на секое дете.


„Општина Центар останува посветена на поддршка и поттикнување на вакви
настани, кои ги мотивираат младите да растат во здрав, креативен и
интелектуален дух“, порача градоначалникот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули-ан

Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули-ан

Следна објава

Голем пресврт на ТФТ за 1-1 во серијата против Златибор