Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето констатирани се вкупно 673 прекршоци од страна на МВР.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 91 лица им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.
-Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на Владата, а се насочени кон справување со пандемијата од корона вирусот, напиша министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук