Што мисли министерот Венко Филипче за неговата одговорност во врска со сегашната ситуација околу корона кризата? Ова министерот беше прашан пред малку на неговата редовна пресконференција, каде му беше предочено дека здравствената статистика покажува разочарувачки бројки во однос на регионот.
Филипче одговори дека е убеден дека е се добро направено.
-Во текот на целиот период се правеа анализи врз основа на бројките кои ги добивавме од центрите за јавно здравје. Не можам да се согласам дека епидемијата не е под контрола. Кажавме и кои се критериуми зошто така сметаме и каква ни е проценкта на ризикот врз основа на тоа. Верувам дека цела оваа работа се водеше и се уште се води врз основа на едне одличен систем, потренцира Филипче.
Тој не се согласи дека смртноста во Македонија е најголема во регионот.
-Има земји кои имаат поголема стапка на смртност. Ние во вкупната бројка ги вклучивме и луѓе кои се пост-мортем дијагностицирани на Ковид – 19, околу 20. Добро делуваме, добро се организиравме и имаме добар однос кон јавноста. Така ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче.
Инаку министерот претходно, при други прашања потенцираше дека во Комисијата за заразни болести членуваат врвни експерти кои имаат и големо искуство.