Завршен збор на Катица Јанева: Невина сум, обвинението го распарталивме како баница  

Со категоричниот став дека е невина и со тешки зборови упатени кон сопружниците Орце и Ана Камчеви кои беа сведоци во случајот и обвинителката Вилма Рускоска, поранешната шефица на СЈО Катица Јанева го даде својот завршен збор во случајот „Рекет“. Таа потенцира дека во текот на судењето воопшто не е докажана неjзината вина и дека обвинението е без какви и да е докази против неа и се темелело на сведочењето на Камчеви кои за неа се „дно“.

-Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви. Тие се дно на дното. Тоа дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може, кажа Јанева.

Таа потенцира дека обвинителството на Вилма Рускоска не пронашло ниту денар од парите.

-Ги нема ниту 50 – те илјади евра за кои тврдат дека сум ги земала, а тоа се докажуваше со фотографијата со пари. Мене ми е чист образот, рече поранешната шефица на СЈО.

Таа ја прозва обвинителката Рускоска зошто не присуствувала на денешното рочиште.

-Каде е Рускоска да си слушне како и се распадна обвинението, зошто ги пушти овие недолжни обвинители, а таа се скри? Да подигнеш обвинение без вештачење, да биде прифатено од тројца судии, а без половина докази да се доставени до судот. Се срамам што сум дел од овој процес. Ова е голо обвинение без докази, мене ми е срам што овие два дена го распарталивме како баница. Не дојде за да не се црви тука, рече Јанева.

Судијката изрекувањето на казната го закажа за 18 јуни.

 

Претходна вестВо четврток ќе се донесе одлука дали ќе има ограничувања во движењето за Задушница и викендот 
Следна вестШест пожари за 12 дена само во скопско, кој пали и зошто?