Скопската општина Чаир и натаму е подрачје каде што има најголем број на активни случаи на заболени од корона вирусот во градот. Ова се гледа и од денешната анализа објавена од страна на Министерството за здравство во која се наведува дека во Скопје сега има вкупно 658 активни случаи.
Од нив, 152 отпаѓаат на болните кои живеат на подрачјето на скопската општина Чаир. По неа, најголем број на заболени има општина Бутeл – 59, а потоа следува Гази Баба со 58. Во Аеродром има 53 активно болни, а бројот на заболени во Сарај кој порано се зголемуваше сега стагнира и е 52, исто како и во Центар. Во Карпош има 40, Кисела Вода 29,Арачиново 23,Студеничани 18,Ѓорче Петров 17,Илинден 17.Шуто Оризари 12,Петровец 6,Чучер Сандево 3 и Сопиште 2. За еден случај се уште се утврдува од која општина потекнува.