Ни Бог ни корона ни полиција ги плаши: ограбиле неколку манастири и цркви

Огравени манастири во демерхисарско. Имено, непознати лица ограбиле манастири и цркви во периодот од 3 до 6 јуни, соопшти МВР.

Во период од 03.06 до 06.06.2020, разбојници-крадци влегле внатре и извршиле тешка кражба во манастирот „ Успение Пресвета Богородица “ во атар на с.Суводол, во манастирот „ Св.Тома “ во атар на с. Граиште, и во црквата „ Константин и Елена “ во атар на с.Вардино-Демир Хисар, при што одзеле пари.

Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Претходна вестКазни за 386 лица за неносење на маски, најмногу во Охрид – 105
Следна вестОд 658 активни случаи на заболени во Скопје најмногу се во Чаир, Бутел, Гази Баба…