Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град, e денешна прогноза на синоптичарите за скопското подрачjе.
Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 28 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја со можно невреме во одредени подрачја.
Нестабилно време со сончеви периоди во претпладневните и нестабилно во попладневните часови се очекува и во наредните денови. Температурите без поголеми промени.