Промоција на „101 живот“ од Весна Мојсова Чепишевска

Денеска напладне во паркот на Културно информативниот центар ќе биде промовирана книгата „101 живот” од универзитетскиот професор Весна Мојсова Чепишевска. Книгата ќе ја промовираат, Кристина Николовска и Весна Мојсова – Чепишевска, со музичка изведба на Нико Ѓоргески.

Современите системи на комуникациј, како интернетот и мобилните телефони, толку отидоа напред што создаваат пополека но сигурно ситуација на тотално исчезнување на класичниот облик епистоларија. Книгата „101 живот“ се обидува да го разгори оганот за пишување писма, но и да си поигра со самиот жанр и храбро да се потпише како „роман“ во писма. Весна Мојсова-Чепишевска и Елена Атанасиу преку електронските писма, преку дописките, преку пораките напишани на мобилниот телефон успеваат да раскажуваат, опишуваат, ослушнуваат, чувствуваат, сакаат, уживаат, тагуваат, болуваат/боледуваат, патуваат, (се) образуваат … и едноставно да создаваат приказни, колку свои, толку и туѓи, други, наведуваат во најавното соопштени од КИЦ-Скопје.

Претходна вестНајави се нижат, ама за реализација мижат- ништо и од проектот од „Водњанска до Чаир за 5 минути“
Следна вестМалку сонце, малку облаци, малку дожд