Загина едно лице во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Струмица-Радовиш. Има и неколку повредени.
Во несреќата учествувале патничко возило „Опел астра“, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „Фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од селото Градашорци и патничко возило „Ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници.
-Во незгодата загинал возачот на возилото „Фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „Опел астра“ и еден сопатник од возилото „Фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „Опел астра“, информираат од полицијата.
Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.