Обиена зградата на општина Арачиново. Имено, секретарот во Општина Арачиново вчера пријавил во полиција дека во периодот од 16 часот на 4 јуни до 8 часот на 8 јуни непознат сторител извршил тешка кражба во Општина Арачиново.
Според пријавеното, сторителот со употреба на сила влегол во општинската зграда. Со дополнителен попис од одговорните лица во Општината, ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.