Шетањето по Градскиот парк може некогаш да ви го поремети куче скитник. Тоа вчера претпладне го почувствувал 60-годишниот скопјанец Ј.Д. кој бил каснат од куче скитник околу 10 часот изутрина. Во полицискиот извештај не се наведува со какви повреди се здобил овој граѓанин кој настанот го пријавил во полициската станица во Карпош.
Во друг случај, на подрачјето на скопски Бит-пазар бил нападнат 58-годишниот Х.И. Тој синоќа околу 21 часот бил искасан од куче-скитник на булеварот „Крсте Мисирков“.