Двајца пациенти починале од вирусот. Ова до потврди пред малку Министерството за здравство преку фејсбук.
-Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 85, Куманово 24, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 3, Тетово 18, Струга 5, Охрид 9,
– Гостивар 2, Гевгелија 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Валандово 1, Свети Николе 2, Ресен 2 и Неготино 1 лице, стои во соопштението.
Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти.
Досега во Македонија се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.