на многу места во Скопје крстосниците се шесто закршени и нефункционални за зголемениот обем на возила. Кружните текови на многу вкрстувања на улиците и булеварите во градот најчесто се најдобар начин за побрзо одвивање на сообраќајот. Искуствата покажуваат дека таму каде што се направени помогнале да нема поголеми застои, да има помалку сообраќајни несреќи и помало загадување од возилата кои побрзо поминуваат на крстосници.
Една од таквите закрчени крстосници е на улицата „Методија Шаторов“ до вкрстувањето на булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и булеварот „Јане Сандански“ кај ТЦ „Скопјанка“ во населбата Аеродром. Ова крстосница секојдневно е многу оптоварена, а како што нема семафори сообраќајот се одвива со многу ризици од судари.
Опасностите се поголеми и од причина што преку вкрстување пречесто поминуваат и возилата на авто-школите кои си го избрале овој реон за обука на младите возачи. Сето тоа бара ова крстосница да се реши преку изградба на кружниот тек, а за што не се потребни поголеми финансиски средства. Со тоа оваа сообраќајница, која што станува се пооптоварена и заради изградвата на станбените висококатници во околината, ќе стане и побрза и посигурна за возачите.
Што се чека? Што не излезат надлежните на терен и нека почнат со решавање на ова тесно и опасно сообраќајно грло?