ВМРО-ДПМНЕ: Најцрн ден од корона кризата, а Заев шпекулира датуми, додека Филипче крахира

Денес е најцрниот ден од коронакризата, а Заев шпекулира датуми, додека Филипче крахира, посочуваат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонија веќе две недели живее продолжен пик.

-Секој ден од први јуни до денес броиме над 100 заболени и неколку мртви. Несериозно е Заев што лицитира датуми како на пазар за вака сериозни прашања.
Државата е во криза. СДСМ не знае да се справи. Економијата ја фрлија во амбис, а државна помош нема за никој освен за фирмите на нивните семејства и блиските до нив. И единствено на што размислува СДСМ додека народот пати се избори и како да си ја задржат фотелјата.

Македонија е балканскиот Вухан, на врвот по највеќе заразени и починати од корона вирусот, на народот му е дегутантно да се збори за хировите на Заев, и за фактот што окрај здравствена, и економска криза, тој ја втурнува државата и во нова политичка криза.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира најпрвин на заштита на здравјето на граѓаните.
Во однос на изборниот процес инсистираме за целосно почитување на Уставот и законите и меѓународните стандарди. Заев сака избори без набљудувачка мисија на ОБСЕ и да немаме прочистен избирачки список. Она што Заев го сака е избори каде ние ќе броиме корона жртви, каде ќе немаме прочистен избирачки список, и без квалитетен меѓународен мониторинг. Тоа би значило изборна кражба и изборна кланица, а не потврда на народната волја.

Зоран Заев сака да го погази народот и неговото здравје. Зоран Заев и СДСМ ја туркаат државата кон провалија. Потребна е стратегија за излез. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова, стои во денешното партиско соопштение.

Претходна вестЗагрижувачко: 196 новозаразени од вирусот, 8 пациенти починале
Следна вестКружен тек на улицата „Методија Шаторов“ во Аеродром е потреба, кога ќе се реализира?