Галериите почнаа да ги отвораат вратите за љубителите на уметноста. Од вчера можат да се посетат две изложби во Домот на културата „Кочо Рацин“: „Со кругот низ пејзажот“ на Петра Јовановска и „Со кругот во коцката“ на Валентина Илијевска.
-Во вакви критични или „гранични ситуации“ кои се случуваат циклично низ времепловот личното и универзалното коинцидираат со еден симултан след на секвенци, фрагменти со кои се идентификуваме низ историјата или во овие мигови на почесто соочување и со самиот себеси и нашиот изминат пат, кој сега го редефинираме според значењето,талкајќи низ лавиринтите во потрагата за смислата на живеењето, за мисијата која ја имаме како битија, во разоткривањето и досегнувањето на суштинските вредности, кои ги идентификуваат микро-клетките како и макро универзумот од кој потекнуваме, аналогијата на системите во кои се одвива генезата во сите сфери и социолошки и технолошки, порача историчарката на уметѕност Виолета Калиќ, на отворањето на изложбата.